
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е од 40 до 60 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.