На ГП „Табановце“ уапсени странски државјани, пронајдена дрога

На 21.05.2023 во 12.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Табановце ги лишиле од слобода Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.