На грачничите премини Табановце и Богородица се чека околу 40 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.