На градилиште загина 24-годишно момче од Зајас

Загина дваесет и четиригодишен кичевец, при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69) од селото Србица.

„Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69) од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово“, соопштија од МВР.

Увид бил извршен и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.