5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

На градоначалничката на Амстердам ѝ е доста од туристите за меки дроги

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема предложи забрана за влез на туристите во познатите кафулиња со марихуана.

Халсема, член на зелената партија ГроенЛинкс, е градоначалник од 2018 година.

„Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура“, рече таа.

Канабисот е технички нелегален во Холандија, но поседувањето помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано уште во 1976 година.

Халсема му предложила на градскиот совет декрет според кој во кафулињата со канабис може да се влезе само со покажување на холандски пасош. Таа се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам на меки дроги“.

Во Холандија има 570 кафулиња каде може да се купи и консумира марихуана. Само во Амстердам ги има 166.