На граничниот премин Рача кај четворица македонски државјани откриен лажни ПЦР тестови

Службениците на граничната полиција на Босна и Херцеговина на граничниот премин Рача со Србија за време на редовната контрола на влезот на странски државјани во земјата откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на граничната полиција на БиХ се наведува дека лажните ПЦР тестови биле откриени вчера кај четворица државјани на Северна Македонија и еден кинески државјанин, за што бил информиран и обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина.

-Поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело фалсификување исправа, обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина беше информиран за настаните, според чија наредба предметите им беа предадени на службениците на граничната полициска станица Сремска Рача.

Во изминатиот период, од септември 2020 година до 31 март 2021 година, полицајците на граничната полиција на БиХ открија повеќе од 80 фалсификувани ПЦР тестови коронавирус.

Најмногу фалсификувани тестови според граничната полиција на БиХ имале граѓаните на Турција, Кина, Северна Македонија, Германија и Словенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.