Дете од Србија на возраст од 4 години се загуби на плажа во Грција.
Тоа било со родителите во популарното летувалиште Ханиоти, на полуостровот Халкидики. Детето додека било на плажа се загубило, јавуваат грчките медиуми. Детето го снемало од плажата пред хотелот, а родителите веднаш пријавиле во полиција. Но, детето се сетило на патот до хотелот и тргнало натаму. Еден час подоцна е пронајдено и вратено кај родителите. Минатата недела тројца македонски државјани ги повлече водена струја на Халкидики, по што двајцата се спасени, а по третиот се трага.