На „Хитроу” продолжува мерката за ограничен број опслужени патници на заминување

Управата на лондонскиот аеродром „Хитроу” денеска соопштени дека до крајот на октомври се продолжува мерката за дневен лимит опслужени патници во заминување, како дел од напорите за справување со зголемената побарувачка за услуги, а во околности на недостиг од персонал.

На „Хитроу” што е еден од најпрометните аеродроми во Европа, веќе е на сила мерката за ограничување на бројот опслужени патници на сто илјади дневно.

Привременото ограничување беше воведено минатиот месец, а од авиокомпаниите беше побарано да го намалат бројот летови во шпицот на сезоната за патувања, во услови кога сообраќајот е поинтензивен од капацитетот што може да го опслужи аеродромскиот персонал.

Аеродромот соопшти дека неговото привремено ограничување довело до „помалку откажувања на летови во последен момент” и „пократко чекање за багаж”.