На Индиец му преседнала добивка на лотарија

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради зажалил за освојувањето на парите.

Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува BBC.

Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство.

„Би сакал да не победев“, вели Индиецот.

Аноп во видеото вели дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста.

Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава.

Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот.

Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста.

„Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола.

„Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот.,

Аноп, кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро.

„На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели.

Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието.

Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.