На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 589 пациенти со Covid-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.