Во изминатите 24 часа во ковид–центрите во болниците во Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 857 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти во четвртокот Министерството за здравство.
Во болницата во Битола е хоспитализиран 81 пациент позитивeн и суспектен на Covid-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на короанвирусот. Во ковид–центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица лежи 63 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, уверуваат од Министерството за здравство и додаваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.