На интензивна нега повеќемина под отколку над 60 години во Германија

На одделите за интензивна нега во болниците во Германија има повеќе пациенти под отколку над 60-годишна возраст, што веројатно е резултат на фактот дека вакцинираноста против Covid-19 е пониска меѓу помладата популација отколку меѓу повозрасните, пишува во петокот агенцијата DPA.

Во периодот меѓу половината на август и почетокот на септември, на интензивна нега се лекувале повеќе пациенти во возрасната група меѓу 18 и 59 години, според извештајот кој во четвртокот го објавил германскиот референтен Институт „Роберт Кох“.

Во Германија 83 отсто од популацијата над 60 години се вакцинирани против коронавирусот, додека две дози од вакцините примиле 67 отсто од возрасната група меѓу 18 и 59 години.

Повеќе од 1.400 пациенти заболени од Covid-19 се наоѓаат на одделите за интензивна нега, што претставува зголемување од 22 отсто во споредба се една седмица претходно, се нагласува во извештајот.

Најголем број пациенти на интензивна нега досега во Германија е забележан во текот на минатогодишниот божикен период, со околу 5.760 пациенти.

Повеќето пациенти со Covid-19 во болниците се на возраст меѓу 35 и 59 години, но ризикот од смртен исход и натаму е највисок кај повозрасните, се додава во извештајот.

Стапката на вакцинираност против коронавирусот кај сите возрасни групи е малку зголемена во одност на претходнита седмица, од 61 на 62 отсто. Разликата во имунизираноста на различните возрасни групи произлува и од фактот дека лицата повозрсни од 12 години добија препорака за вакцинирање дури кон полвината на август, и сега околу 24 отсто лица од 12 до 17 години целосно се вакцинирани.