На Иран му се заканува втор бран заразени од коронавирус

Иран наскоро може да се соочи со нов бран заразени од коронавирус, изјави денеска портпаролот на иранската Влада Али Рабиеи, истакнувајќи дека некои граѓани ги игнорирале упатствата издадени од здравствените власти во земјата за да спречат ширење на вирусот.

– За жал, некои Иранци ги игнорираа советите на министерот за здравство и патуваа за време на одморот за иранската Нова година. Тоа може да предизвика втор бран на заразени од Ковид – 19, рече Рабиеи.

Тој додаде дека сега ќе ги забранат сите меѓуградски патувања, а прекршителите ќе бидат законски казнети.