На ирски фудбалски репрезентативец му е дијагностициран аутизам на 33-годишна возраст

Триесети итригодишниот Џејмс Мекклин, ирскиот фудбалски репрезентативец и играч од средниот ред на англискиот второлигаш Виган Атлетик, објави дека му е дијагностициран аутизам.

Мекклин ја откри својата дијагноза во вторникот во објава на Instagram во текот на Светската недела за подигање на свеста за аутизмот. Фудбалерот решил да оди на процена на нарушувања од аутистичниот спектар, откако тој и неговата сопруга Ерин препознале дека споделува некои особини со нивната ќерка Вилоу-Ајви.

„Како што сите знаете, мојата ќерка Вилоу-Ајви е аутистична. Последните четири години ѝ го променија животот на неверојатни начини, но исто така беа многу тешки понекогаш, бидејќи нејзиниот татко ја гледаше како совладува толку многу пречки во нејзиниот живот и учи како да се справува со предизвиците со кои се соочува секој ден“, напиша Мекклин на почетокот на својата емотивна објава.

„Гледам толку многу мали особини во неа што ги гледам кај себеси, па решив да одам на евалуација на АСН. Беше тоа мало патување и сега по дијагнозата чувствувам дека е време да го споделам со вас, за седмицата којашто е во нејзиниот знак. Извесно време дебатирав за тоа да го споделам ова со јавноста затоа што го направив тоа за Вилоу-Ајви, за да ѝ дадам до знаење дека разбирам и дека аутизмот нема и никогаш не треба да ја спречи да ги постигне своите цели и соништа. Девојчето на тато”, додава Мекклин.

Мекклин го забележа својот 98-ми настап за Република Ирска во понеделникот кога влезе како замена во квалификациите за ЕП 2024 против Франција. Ирска во Даблин беше поразена со 1:0 од актуелниот светски вицешампион.