-На изборите ќе се судрат два концепти, два блока кои природно се издиференцираа, едниот за интреграција во ЕУ и вториот против интеграција во ЕУ, а ќе победи европскиот предводен од СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Студио 10“ на Телевизија 24, информираат од Центарот за комуникации на СДСМ.
-Природно се издеференцираа два блока. Едниот е за интеграција на земјата во Европската унија. Вториот е против, каде има две нијанси. Едната нијанса е апсолутно против и другата нијанса е декраларитвно, за, меѓутоа прави сѐ за да не влеземе во ЕУ. СДСМ повика на формирање на европски фронт во кој ќе учествуваат политички партии, без разлика на нивната етничка и идеолошка профилација, НВО, поединци, активисти. Таа комбинација е апсолутно добитна, тоа го покажуваат сите анкети. Во 2024 година ќе имаме избори на кои прво ќе победи претседателскиот кандидат кој ќе биде предложен од СДСМ, поддржан од прогресивна проевропска коалиција, а потоа и на парламентарните избори, кои се редовни прв пат после 17 години, рече Ковачевски.
Додаде дека во Брисел имаше најјасен заклучок, Република Северна Македонија успешно го заврши скринигот и веднаш штом ќе ја заврши обврската за уставни измени, без одлагање ќе биде одржана втората меѓувладина конференција.
-Ние во 2008 година влеговме во процес на антиквизизација, наместо да одиме кон европеизација. Наместо да одиме 100 години напред, ние отидовме 2300 години назад. Еден процес на антиквизација, кој нас не изолираше, не раскара со сите соседи и кој не донесе ништо добро за државата. Во тоа време немаше никаков напредок во економска смисла, имаше уназадување во демократска смисла, европските извештаи покажуваа дека државата е заробена, институциите злоупотребувани по сите основи“, истакна Ковачевски.