На каменолом откриени гробишта на диносауруси

На каменолом во Њу Џерси откриени фосили од периодот креда, меѓу кои и фосил на мосасаурус, морски рептил, за кој се верува дека е стар 66 милиони години.

Палеонтолози во областа Ману во централниот дел на Њу Џерси на камонолом открија голем број фосили, што најверојатно претставуваат последица на масовно убиство.

Се претпоставува дека во периодот креда оваа област била прекриена со плитко море, што го потврдува откриениот фосил на мосасаурус, морски рептил, како и голем број други фосили на морски животни.

Истражувачите се уште немаат докази што со сигурност ќе покажат дека откриените диносауруси се од времето на нивното масовно исчезнување, со што официјално ќе се потврди оваа теорија.

Експертите проценуваат дека со пад на астероид пред 66 милиони години се уништени 75 проценти од животот на Земјата, но досега не се откриени фосили кои потекнуваат од овој период.

„Сѐ уште не знаеме, но работиме на проверка на хипотезата со истражување на фосили, седименти и хемии“, изјави палеонтологот доктор Јенет Лаковар.