Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска потврдила дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но рекла дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет ICloud.Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот Iphone.
Иако поминаа повеќе од 15 дена, Обвинителството не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.
Првично, Катица Јанева рекла дека мобилниот телефон го изгубил нејзиниот син во Белград, а подоцна Јавното обвинителство со налог преку МВР го пронајде кај сестрата на девојката на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев кој беше вработен во 1ТВ.