На Кипар ќе се тестираат млади луѓе во барови, ресторани и молови

22

За да се добие појасна слика за епидемиолошката ситуација во земјата, Министерството за здравство на Кипар ќе спроведе 5.000 тестирања за Ковид-19 на лица меѓу 18 и 40 години во простори каде што се создаваат гужви, како што се барови, ресторани, трговски центри и молови, универзитети итн, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката доаѓа откако во изминатите седмици било констатирано дека големиот број позитивни на корона вирусот се млади лица, а во повеќето случаи асимптоматски.

Тестирањата ќе ги вршат мобилни единици во простори каде што се создаваат гужви, а од Министерството за здравство на Кипар ги повикуваат лицата од 18 до 40 години да учествуваат во лабораториските анализи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.