На климатската конференција на ОН постигнат и договор за тргување со емисиите на јаглерод

На климатската конференција под покровителство на Обединетите нации во Глазгов – COP26 преговарачите во саботата постигнаа договор за правилата за тргување со емисиите на јаглеродот и потенцијално отворија пат наводно за вложувањата на билиони долари во заштитата на шумите, постројките за производство на обновлива енергија и други проекти за борба против климатските промени.

Со конечниот договор кој го усвоија речиси 200 земји и региони ќе се имплементира членот 6 од Парискиот климатски договор од 2015 година, кој им овозможува на земјите делумно да го исполнат своите цели со откупот на ткн „карбонски (јаглеродни) кредити“, односно намалените емисии на другите земји.

Компаниите, како и земјите со големи области под шума, во Глазгов се залагаа за силен договор за пазарите со јаглероди, надевајќи се дека така ќе го легимитизираат и брзорастечките глобални доброволни пазари на „јаглеродните кредити“, односно кворите за емисии на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Договорот е „победа на Бразил“ кој се подготвува да стане „голем извозник“ на јаглеродните кредити, објави бразилското министерство за животна средина на социјалните мрежи. Во Бразил се наоѓа најголемиот дел од амазонските шуми и има огромен потенцијал за градење на ветроцентрали и соларни централи.

„Тоа би требало да ги поттикне вложувањата и развојот на проектите кои би можеле да донесат значително намалување на емисиите“, изјави за Reuters главниот бразилски преговорач Леонардо Клеавер де Атајде.

Меѓутоа, земјите кои се најчувстителни на последиците од климатските промени изразија загриженост поради можните злоупотреби, бидејќи сметаат дека таквите откупи на емисиите на јаглеродите би можеле на некои да им овозможат да ги избегнуваат намалувањата на своите емисии.

„Во врска со членот 6, ќе мора да останеме претпазливи во врска на ‘гринвошингот’, манипулацијата со информациите за дејствувањето на државите или компаниите на намалувањето на своите емисии, изјави претставничката на Маршаловите острови за климата, Тина Стејџ во соопштението.

Двојно сметање

Една од најспорните точки беше прашањето дали може јаглеродните кредиите за себе да ги пресметуваат и земјите кои ги продаваат и земјите кои ги купуваат.

Предлогот на Јапонија го реши проблемот и ја доби поддршката и од Бразил и од САД. Бразилското инсистирање на дозвоување на двојното пресметување на јаглеродните кредити во минатото го поткопуваше договорот за челнот 6.

Според договорот, земјата којашто генерира јаглероден кредит ќе одлучува дали ќе го одобри за продажба на други земји или ќе го пресмета за остварувањето на своите климатски цели.

Доколку ги продава, земјата продавач ќе додаде емисиска единица на својот национален збир на емисиите на јаглерод, а земјата купувач ќе ја одбие, со што би се обезбедило намалувањето на емисиите да се пресметува само еднаш меѓу земјите.