На кого би се обложиле ако се степаат во ринг – на браќата Јокиќ или на браќата Морис!

Пресметката помеѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис во вчерашниот дуел на Денвер и Мајами продолжува да ги полни светските медиуми, а во САД отидоа чекор понапред па веќе почнаа да дебатираат за тоа кој би победил во евентуална пресметка во ринг – на браќата Јокиќ или на браќата Морис.

Причина за вакво нешто е фактот што вчерашниот ден беше исполнет со информации за вмешување на семејствата на двајцата кошаркари во своевидна „војна“ на социјалните мрежи, која, пак, ѝ стана ептен интересна на јавноста. На социјалните мрежи се појавија илјадници коментари, во кои се одбираа страни, а меѓу нив преовладува бројот на тие што ги бранат Србите со оглед што проблемот го почна Морис.

„Тие преживеаја војна и санкции, јас би ја ставил куќата на победа на браќата Јокиќ“, пишува во еден од коментарите.

Американски медиум дури и направи анкета со прашање „Кој би сакале да победи во евентуалната тепачка на семејствата Јокиќ и Морис? Победата и во оваа пресметка отиде кај Србите, кои добија повеќе гласови. Дел од анкетираните и тие што коментираа дури и почнаа да бараат промотори за организирање вистински дуел, кој сигурно би бил спектакл кој би донел многу пари.