На која возраст жените ги доживуваат најдобрите оргазми?

Колку и да ви изгледа чудно, сексот станува сè подобар со годините. Средината на 20-тите дефинитивно не се периодот кога имате најдобар секс.

Стареењето и не така лоша работа. Како минуваат години, така сè подобро се запознавате себеси и со тоа имате и подобар секс.

Најновото истражување на „Natural Cycles“ откри дека жените доживуваат најдобри оргазми по 36-годишна возраст.

Во истражувањето учествувале 2.000 жени поделени на три групи: под 23, на возраст од 23 до 36 години и над 36 години.

Резултатите покажале дека жените над 36-тата имаат најдобри оргазми, се чувствуваат најпривлечно и уживаат во сексот најмногу. Најголемиот дел од ова се сведува на зголемената самодоверба и комфорноста во својата кожа.

Жените кога се помлади не се среќни со своето тело и постојано му пронаоѓаат недостатоци.

Постарите жени не се загрижени дали имаат целулит на бутовите, плус се подготвени за експериментирање, па затоа повеќе уживаат во сексот.