НА КОЛЕНА – Милграмовиот експеримент

1990

Некако, се најдовте на колена? Чувствувте нешто не е во ред во Матриксот? Не сте се наведнале, но како да ви се врзани нозете и како да сте на колена, а некако во некој раб на свеста малку вреска хистерично вашата личност, но лесно се замолкнува со благо, алкохол, храна и пресови секоја вечер на омилената партиска ТВ.

Станувам пресериозен. Мојата „бежанија“ од сeкогаш бил хуморот и сарказмот и будалаштините, затоа и името на емисијата е такво какво што е, но, некако, ми бега се од контрола и тоа на наједноставен начин. Цел живот правам керефеки низ кои си протнувам свои гледишта ставови и си терам мајтап. Највредно ми остана да насмеам некого, некаква патолошка потреба да како диџеј на времето, ги видам луѓето со кренати раце танцуваат, секој на свој начин – па нема поубава слика на илустирана слобода освен онаа, раскошната на Делакроа?

А, стана пресериозно и се зезнав самиот… како на школо после двојки и тројки, кога ќе добиеш петка. После сите чекаат многу повеќе од тебе. Дем!

А, сега нешто сосем поинаку

Најголемото (боготражителско) движење на современата цивилизација е битничкото движење. Сфатиле, токму оние, од времето на бејби бум, златното време, кога имаше се’, кој колку сака и како сака, сепак, слободата да ја бараат на сосема друго место, во себе, ослободени од се што потрошувачкото општество го нуди. Крајот на 50-те  и 60-те станува светски феномен кое подоцна со уфрлањето на лсд, сексуални девијаци и политизација беше разобличено и растурено. А започна со млади луѓе кои сакаа да се угледаат на Христос и живеат слободно и во заедници,  да делат се меѓу себе, да водат здрав живот. Такви луѓе не одат во војна и на арчат пари на џиџири-миџири – и имате аларм од највисок левел. Научниците понаа да проучуваат – интензивно!

ЕКСПЕРИМЕНТОТ

Дали и како луѓето се спремни да се покорат на авторитетите и каков пристап кон истото. Експериментот се одржал некаде во 1961 година кога како оглас е појавил дека се бараат испитаници кои за еден час тест ќе им се исплати по еден долар. Експериментот е Милаграмовиот Експеримент – култно име за ова по кое подоцна се напишани книги истудии и која во многу ја објаснува (сервилната) човекова природа.

Сево ова ви го пишувам после некои ваши недоумици од претходната ми пишанка која многумина ја оценија со многу шербет во зборовите но и подпрашања околу тезите кои ги изнесувам. Па немам јас тези, се е испитано и кажано, јас само сублимирам од она што го знам, не стручно туку како општа-поп култура и знаење. За воља на вистината, за ова истово пишував пред 15 години за еден весник, ако за експењриментот дознав како дете некаде во 1978. Не прашувајте, ич!

ЕКСПЕРИМЕНТОТ

Експериментот се состоел од следново

– испитаникот влегувал во просторија, каде имало маса и столица, го седнувале на столицата, а пред него имало копче со бројки од 10 – 500 волти (да речеме)

– пред масата имало стакло, а од другата страна столица во која седел врзан човек, на нешто како налик на електрична столица, а дланката му била на метална плоча.

– до испитаникот стоел човек во бел мантил кој наликувал на архетип на научно лице

Лицето во мантил му ги давал следниве насоки на испитаникот. Ќе му поставувам прашање на лицето од другата страна, кое исто како тебе е доброволно дел од експериментот. На секој погрешен одговор ќе го питиснеш копчето и ќе го стресе струја. Секој нареден одговор ќе се покачува нивото на струјата се’ повисоко. Секако, за да биде потполно уверен дека е навистина така, и самиот испитаник како тест, седнувал во столицата каде му пуштиле ниска струја и така знаел дека нема фолирање во експериментот, бил уверен дека он, со притиксање на копчето ќе пушти струја на жив човек. Ниеден испитаник, дотука, не се откажал. Експериментот продложил.

Главниот трик

Откако испитаникот е уверен дека има двајца доброволци, он и човекот врзан од другата страна на стаклото, трикот бил во тоа што тој бил актер, а струјата на металната плоча веднаш ја исклучувале, но испитаникот не знаел за ова воопшто. Само глумел дека го тресе струја.

Експериментот го опишувам со мои зборови од книгите за кои сум читал, затоа што овој социолошко – психолошки феномен е опишан во студии и книги подоцна за кои верувам дека самите ќе се заинтересирате. Научникот во бел мантил поставува прашање – добива погрешен одговор, му кажува на испитаникот да пушта струја. Овој без двојба го притиска копчето.

На малку повисока струја, човекот лелекал или подвикнувал како да чувствува болка (секако, глумел) но испитаниците оделе се повиско и повисоко со струјата. И актерот од другата страна подрматично покажувал како му е, се тегнел, да урлал, се превиткувал, вриштел, молел да го ослободат, да преколнува дека не сака да биде повеќе дел од тој експеримент, но притискањето на копчето продложувало се до “смрт”. Ако некој подзастанел, се покајал или посоменевал или приговорил на научникот, овој само ладно му одговарал – да знаеме и гледаме и слушаме, но вие мора да продолжите… и … продолжувале!

Да се разбереме, парите ги добиле, ако се откажале знаеле дека ќе им останат, 4 факин долари, немало никаква принуда, уцена или правна/судска закана ако престанеле, Знаеле за се тоа и можеле кога сакаат да прекина со експериментот, нитшо не ги спречувало … но …

Резултатите биле застрашувачки …. само 2 % од огромниот број испитаници, одбил да пушти струја до крај и да убие човек! 98% на нивни очи биле сведоци дека нанесувале болка и смрт на невин човек и оделе до крај! 98 проценти “убиле”, биле спремни да убијат .. и само затоа што ликот, во бел мантил им рекол така, не ги принудил или им се заканил, само им рекол – морате да продолжите со експериментот…. После чинот ги интервјуирале и ретко кој имал грижа на совестр, едноставно, одговарале дека така им било кажано и толку! Испрани рацете!!! Така си мислеле.

Ете колку и како сме сервилни. Експериментот кој ја предизвика човековата приода е флоскулата. Дали сега ви е појасно какви сме? Ако има мир има заради „%, и мир и напредок … се друго сме…отпад! Не ви кажувам јас, други одамна не скенирале додека ние трчаме по лежалки  и депилираме нозе… исто како и жените – сите сме шарени комформисти кои за ситни уживанции препуштаме на некој си таму авторитет да ни управува со животите!

Робови! Устата ви е полна со земја, вие сте луѓе со 4 прсти, главите ви се полнети со слама, затоа ова е пуста земја, оти ние сме празни и пусти одвнатре.

Лесно се предадовме уште полесно се помиривме. Каде е подвигот? Не зборам за трчање гол по улици, туку оној, внатрешен духовен, оној бел монах кој секој од нас треба да го носи во себе ако сака да е слободен … бел монах?? … ах, следната колумна.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.