Безбедносните служби заплениле рекордно количество наркотици на Корзика и при акцијата уапсиле седум лица. Според локалниот весник Corse Matin, за време на акцијата за борба против дрогата спроведена на Корзика на 15 и 16 август, запленети се повеќе од 100 килограми канабис и над 7 килограми кокаин, објави француски Le Figaro.
Дрогата била запленета кога бродот „Corsica Linea“ се закотвил во пристаништето Бастија, соопшти обвинителството во Ајачо, наведувајќи дека целта на шверцерите била „да го преплават пазарот со наркотици низ Корзика, вклучително и регионот Порто Векио, а особено областите на Пјетрабла и Каен“.
Успешната операција беше резултат на повеќемесечна истрага за време на која беше утврдено дека бродот „Corsica Linea“ најверојатно превезувал наркотици.
„Ова е најголемата заплена на наркотици на Корзика досега. Проценуваме дека со оваа акција се уништени четири центри за дистрибуција на дрога вредни неколку милиони евра“, изјави обвинителот од Ајачо во разговор со новинар од Corse Matin.