На Крим Путин ја поздрави историската правда

Рускиот претседател Владимир Путгин во средата го поздрави воспоставувањето, како што рече, историската правда, четири дека пред четвртата годишнина од присоединувањето на црноморскиот полуостров на Руската Федерација, нарекувајќи го овој чин „пример за вистинска демократија“/.

„Со вашата одлука ја воспоставивте историската правда прекината во советскиот период“, изјави Путин пред своите приврзаници во Севастопол на Крим, пренесува агенцијата AFP.

Руските претседателски избори ќе се одржат во недела, истиот ден коа Русија ќе ги одбележи четирите години кога Крим

во март 2014 година се присоедини што го потврди населението на полуостровот, на референдум кој не го признава западот, забележува AFP.

„Со вашата одлука му покажавте на целиот свет што е вистинска а не лажна демократија, излеговте на референдум, се одлучивте и гласавте за вашата и иднината на вашите деца“, порача Путин.

Сепак, рускиот претседател, додаде дека преостанува уште многу работа за развивањето на Крим и Севастопол.

„Ние тоа го правиме, ќе продолжиме да го правиме и ќе сториме апсолутно сѐ, бидејќи кога сме обединети ние сме голема сила способна да ги реши најтешките проблеми“, истакна Путин.