Три недели по завршувањето на мексиканската лотарија во која добивка била и поранешната куќа на поранешниот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, победникот се уште не се појави.
Шефицата на државната лотарија Маргарита Гонзалес повика на прес -конференцијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор оваа недела луѓето да ги проверат купените билети за лотаријата за да видат дали ја освоиле куќата.
Во пресрет на Денот на независноста на Мексико, биле понудени вкупно 22 безготовински награди на специјалната лотарија на 15-ти септември.
Многу од нив биле конфискуваните имоти од шверцери на дрога или корумпирани службеници.
Приходот оди за мексиканските олимписки спортисти.
Главната награда била ложа на стадионот Ацтеки.
Еден од имотите била и куќа во мексиканскиот град Кулијакано, лулка на наркокартелот Гузман, Синалое.
Тоа е една од седумте куќи поврзани со тунелски систем.
Преку еден од тунелите, Гузман избега преку канализацијата под кадата, кога војниците се обидоа да го уапсат на 17 февруари 2014 година.Сега е во затвор во САД.
Мексиканската влада неколку пати се обидела да ја продаде куќата на аукција, но не успеала да најде купувач.
Продадени се само 39 проценти од 2 милиони лозови, кои чинеле околу едно евро.
Поранешната куќа на Гузман била освоена со тикет со сериски број 1.438.619.