На Мадагаскар 39 лица починале од чума

Од чума која ја пренесуваат стаорци на Мадагаскар, последните неколку недели починале 39 лица, соопшти нивното Министерство за здравство.

На Мадагаскар, епидемијата од чума зафати пет од 112 области. Од 86 заразени лица, до сега починале 39, пренесува АФП.

Локалните власти наведуваат дека жртвите од чумата во таа земја починале, бидејќи лечењето не започнало на време.

Од чума, во Средниот век во Европа починале еден милион луѓе, но таа болест во денешно време е исклучително ретка, а покрај тоа е и излечива.