Најмалку 10 загинати во пожар во старечки дом во Русија предизвикан од неисправни инсталации

Во старечки дом во местото Красногорск, во непосредна близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале десет лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион.

„Според првичните податоци, пожарот избувнал поради неисправни инсталации“, за Тасс изјавија иследниците.

Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во приватна куќа, за да се испита дали биле исполнети сите безбедносни услови.

Домот работел нелегално во колиба изнајмена од неименувано лице.