Најмалку 11 цивили убиени во украинско гранатирање на Луганск

Најмалку 11 лица се убиени во гранатирањето на украинските сили врз одметнатиот доминантно руски југоисточен регион Луганск кој е под контрола на руската војска, пренесува во петокот ноќта германската новинска агенција DPA повикувајќи се на руските медиуми,

Уште дваесет луѓе се повредени во гранатирањето на селото Ланратовка.

Украинска војска ги користела американските ракетни системи HIMARS со долг дострел со кои гаѓала училиште и неколку станбени згради.

Во секојдневните украински ракетирања во петокот повторно беше подложен и соседниот проруски регион Доњецк, и притоа загинал еден цивил а уште петмина биле ранети.

Руските власти во Доњецк секојдневно информираат за десетици ракетирања во регионот, и посочуваат дека нападите на украинската војска се насочени не на воените формации туку на населените места и цивилни цели во кои секојдневно се бележат по неколку жртви.

Според податоците коишто ги објавија во јуни годинава руските власти во Доњецк, повеќе од 8.600 луѓе загинале во целиот регион од почетокот на непријателствата со украинската војска во 2014 година, а околу 40 отсто од нив загинале по почетокот на руската инвазија од 24-ти февруари годинава. Тогаш беше додадено дека во изминатите осум години биле истражувани 5.100 до 5.200 загинувања како резултат на прострелни рани, експлозив или шрапнели, и загинувањата на уште 3.500 лица по 24-ти февруари 2022 година. Се истакнува, исто така, дека од спомената бројка во периодот од најжестоките борби во периодот од 2014/2015 година повеќе од половината жртви биле цивили.

Во првата седмица од декември, пак, беше објавено дека од почетокот на борбите во 2014-та до 2022-ра во украинските ракетирања и гранатирања врз двата одметнати региони Доњецк и Луганс се уништени повеќе од 4.000 објекти на цивилната инфраструктура, односно 3.166 такви објекти во Доњецк и 650 во Луганск.

Беше додадено дека во споменатиот период во двата региона биле тешко оштетени или уништени 196 медицински установи, 845 образовни установи, 1.603 социјални, индустриски и стопански објекти, 108 објекти од критична инфраструктура и 1.064 објекти за снабдување со електрична енергија, вода, топлинска енергија и гас. Беше додадено дека во споменатиот период во двата региона биле тешко оштетени или уништени 196 медицински установи, 845 образовни установи, 1.603 социјални, индустриски и стопански објекти, 108 објекти од критична инфраструктура и 1.064 објекти за снабдување со електрична енергија, вода, топлинска енергија и гас.