Најмалку 13 лица се застрелани во метро во Њујорк, најдени и експлозивни направи (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица се ранети при пукање во станица на метро во Бруклин, јавуваат американските медиуми. На истата локација најдени се неколку експлозивни направи, соопшти пожарникарската служба.

Њујоршките пожарникари одговориле на повикот на граѓаните кои пријавиле дека се гледа чад на станицата во 36 улица. Кога полицијата и пожарникарите пристигнале на лице место, нашле повеќе лица ранети со огнено оружје.

Франс прес јавува дека засега 13 лица се ранети, додека сè уште нема информации за евентуални жртви.

Полициските сили трагаат по маж со гас-маска и портокалов елек, соопшти полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.