Најмалку 14 загинати во авионската несреќа во Казахстан

Најмалку 14 луѓе ги загубиле животите а 53 лица се хоспитализирани од кои 9 деца во несреќата на авионот на воздухопловната компанија „Bek Air“ со кој се превезувале 95 патнции и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти.

Авионот од типот „Fokker 100“ летал кон казахстанскиот главен град Нур-Султан кога „при полетувањето од Алмати почнал да губи височината, ја пробил бетонската ограда и удрил во помала зграда“, се наведува во извештајот на казахстанскиот Комитет за цивилно воздухопловство.

Освен 14-те загинати, спасувачките екипи извлекле 53 лица се однесени во болниците, од кои 22 се со повреди опасни по животот, соопшти канцеларијата на градоначланикот на Алмати. Осум лица починале на самото место, две лица починале при транспортот а четири починале во болница.

Авионот требало да полета во мугрите, а во областа на аеродромот имало густа магла. Објавените фотографии во казахстанстките медиуми го покажуваат авионот кој е раздвоен на два дела со делумно уништена зграда.

Сѐ уште не е позната причината за несреќата. Казахстанскиот Комитет за цивилното воздухопловството веднаш ги приземји сите авиони од типот „Fokker 100“ до завршувањето на истрагата.

„Оние кои се одговорни ќе бидат жестоко казнети во согласност со законот“, објави на Twitter казахстанскиот Касан-Џомарт Токаев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.