Најмалку 15.000 смртни случаи директно се поврзани со големите топлотни бранови кои летото 2022 година го зафатија европскиот континент, според непотполната процена на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) по повод состанокот на ОН за климата COP27 во египетски Шарм ел-Шејк.
Летото во 2022 година било најтоплото во Европа откако се спроведуваат мерењата, што предизвикала температурни рекордни и драматични пожари.
„Врз основа на веќе објавените национални податоци, се проценува дека 15.000 луѓе починале токму од горештините во 2022 година“, истакна во соопштението директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Се очекува дека оваа бројка, којашто вклучува 4.500 смртни случаи во Германија, речиси 4.000 во Шпанија, над 3,.200 во Велика Британија и над 1.000 во Португалија, ќе „расте бидејќи повеќе земји известија за прекумерна смртност поврзана со горештините“, додаде Клуге.
Од СЗО, исто така, се истакнува дека францускиот завод за статистика INSEE пријавило 11.000 починати во текот на летото 2022 година во однос на летото во препандемиската 2019 година, што „веројатно може да се толкува со многу големите горештини“ какви што имаше во јуни и јули.
Како што наведуваат од СЗО, екстремните температури предизвикале смрт на 148.000 луѓе во Европа во последните 50 години. Повеќе од 10 отсто од оваа бројка се однесува на 2022 година, кога се пријавени 15.000 починати, а без сомнение ќе ги има и повеќе кога ќе бидат соберени податоците за целата година.
„Климатските промени веќе нѐ убиваат, но со решително дејствување уште денеска можеме да спречиме поголем број починати“, истакнуваат од СЗО.
Во извештајот на Обединетите нации објавен минатата седмица се наведува дека европскиот континент кој најбрзо се загрева и дека бележи повеќе од двојни поголем пораст на температурите во однос на просекот на планетата во последните три децении.