Најмалку 15.000 работни места ќе укине „Airbus“

Можностите за воздухопловниот сектор повторно се влошија поради ширењето на заразата на коронавирусот и обновите ограничувања за патувањата, предупреди деловниот директор на произведувачот „Airbus“, Михаел Шоелхорн, сигнализирајќи дека компанијата би можела да укине повеќе работни места отколку што првично било планирано.

Поради коронамерките и стравот на патниците од пандемијата, секторот на воздухопловниот транспорт на минимум ги сведе своите капацитети и го закочи темпото на испорака на новите авиони.

„Состојбата на почетокот ое есента е полоша отколку што компанијата процениваше летото… Планираме да укинеме 15.000 работни места, и тоа минимални“, вели Шоелхорн во интервјуто од саботаа за деловниот дневен весник Handelsblatt.

Некои производствени погони на „Airbus“ биле недоволни искористени и пред почетокот на пандемијата и синдикатите стравуваат дека управата би можела да затвори цели погони. Шоелхорн ја ислучува ваквата можност, барем во Германија.

„Конкретно, сметам дека моментални ниедна германска постројка не е во опасност“, вели деловниот директор на „Aribus“.

Извршниот директор на компанијата, Гијом Фури, пак, изјави во септември дека ќе настојуваат да ги избегнат отказите при намалувње на трошоците, но дека не може да гарантира дека тоа и ќе го остварат. Во писмото до вработените од минатиот месец, Фори предупреди дека „Airbus“ можеби ќе биде принуден на откази, имајќи предвид дека темпото на закрепнување на воздухопловниот сообраќај ги избневерило очекувањата.