Најмалку 16 лциа загинале во пожар во ноќен клуб во луксузен кварт во главниот град Јуанде, кој ноќта кон неделата случајно го предизвикал огномет.
Трагедијата се случи во периодот кога Камерун е домаќин на Африканскиот куп на нациите (ACN), континенталното фудбалско првенство.
„Пожарот избувнал случајно, а прелиминарниот извештај зборува за 16 мртви (…) и осум тешко повредени лциа“, се наведува во писменото соопштение на камерунскот министерство за комуникации.
Трагедијата се случила во главната сала на „Liv’s Night Club“, сместен во луксузниот кварт Бастос, каде се подигнати бројни луксузни зданија, згради на странските амбасади и дипломатските резуденции.
„Огнот кој го предизвикал огномет, прво го проголатал таванот на зградата а потоа одекнале две силни експлозии, што меѓу посетителите предизвикало паника и стампедо“, се наведува во соопштението на министерството.
„Кога стасавме на местото на настанот сфативме дека таму владее општа паника и дека избувнал пожар со многу чад“, изјави за AFP, противпожарен функционер од Јуанде кој барал да остане анонимен. Додал дека тој и колегите „изброиле 16 мртви и пет поврдени“.
Во двориштето на објектот останале опожарени предмети, но фасадата на дискотеката не е уништена ниту изгорела, известува дописникот на AFP.
„Сѐ се одвивало многу брзо, се случило малку под 2 часот утрото, а повеќето посетители доаѓаа околу 3 часот. Сѐ се случило во внатрешниот простор поради што има многу жртви“, изјавил за агенцијата припадник на обезбедувањето кој таму се наоѓал во моментот на трагедијата.