Најмалку 16 загинати во силната експлозија во шиитската џамија во Кандахар – Авганистан

Според првичните информации станува збор за напаѓач самоубиец.

Моментално не се знае точниот број, но медиумите известуват дека има голем број на жртви. Засега светските медиуми пишуваат дека загинале најмалку седум лица.

АФП известува дека најмалку 15 се повредени.

Најмалку 16 верници загинаа во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, пренесува дописникот на Би-Би-Си од Авганистан, додавајќи дека 32 лица се тешко повредени.

Бројот на жртви постојано расте.

Иако портпаролот на талибанците во првичната изјава кажа во нападот има седум загинати и 15 ранети, дописникот на Би-Би-Си јави дека има многу повеќе жртви.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника по државниот удар.

Иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, дописник на Би-Би-Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да соопшти дека тој е дело на нивни бомбаш-самоубиец.

Лекар од локалната болница изјави дека во моментов се примаат многу пациенти, од кои повеќето се во многу сериозна состојба.

Пред точно седум дена речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, каде најмалку 100 лица загинаа, а за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

Светските медиуми, вклучувајќи ги и Би-Би-Си и АФП, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена” од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.