Најмалку 16 загинати во земјотресите на Филипини

Најмалку 16 луѓе загинале а уште 403 се повредени во двата моќни земјотреси кои оваа седмица ги погодија Филипини, пренесува во петокот весникот Philippine Daily Inquirer повикувајќи се на објавата на Националниот совет за намалување на ризикот од катастрофи и реакција (NDRRMC).

Според NDRRMC, во земјотресот со магнитуда од 6,6 според Рихтер кој во вторникот го погоди регионот Давао загинале три лица и уште седум во областа Соккскархен. Во последователниот потрест со магнитуда од 6,5 животите ги загубиле уште шест луѓе, а уште две лица се водат како исчезнати.

Во извештајот се наведува дека главни причини за смртните случаи било лизгањето на земјиштетот предизвикако од потресите, уривањер на конструкции, како и срцеви удари.

Уште еден моќен земјотрес со магнитуда 6,3 степени ги погоди Филипини на 16-ти октомври, кога загинаат седум луѓе а уште 200 беа повредени. До 31-ви октомври регистрирани се речиси 970 афтершокови. Оштетени се повеќе од 3.200 објекти, меѓу кои и станбени згради и училишта.