Најмалку 16 жртви и 60 повредени во судар на два воза во Бангладеш

Најмалку 16 луѓе загинале и уште 60 други се повредени во судир на два патнички воза во вторникот во Бангладеш, соопшти тамошната полиција.

Сударот се случил во 3 часот утрото во вторник по локално време, кога композициите налетале на станица Мондобаг во градот Касба и онаа од главниот град Дака кон Читагонг.

„Најмалку 16 лица загинаа. Уште други 58 се повредени. Повредените се испратени во различни болници во регионот“, изјавил за AFP началникот на локалната полиција Анзур Рахман.

Хајат уд Дула Кан, владин службеник во округот, рекол дека возон кој патувал од Дака удрил во експресниот воз во Читагонг, кога требало да мине низ станиата Мондобог. Според Кан, едната композиција требало да чека надвор од станицата и да ја пропушти другата, и поради тоа е отворена истрага. Официјален претставник на железницата на Банлгадеш рекол за новинарите дека неисправната сигнализација би можела да биде причина за несреќата.

Железничките несреќи се чести во Бангладеш и честопати причина е лошата сигнализација или запуштената инфраструктура. Според Форумот на известувачо за транспорт и комуникација (SCRF), приватна истражувачка медиумска група, само меѓу 1-ви јануари и 30-ти јуни годианва, најмалку 202 железнички инциденти и несреќи се случиле во оваа јужноазиска земја со 168 милиони жители, во која железничката инфраструктура не е ремонтирана повеќе од еден век.

Во јуни годинава воз падна во канал, откако се урна мост преку кој поминувал. Притоа пет лица загинаа, а стотина се повредени. Според SCRF, најголем број несреќи се предизвикани при користење мобилни телефони од страна на пешаците на линиите и железничките премини, лошото одржувње на пругите и мостовите.