Најмалку 16 жртви во масовно убиство во Канада

29

Најмалку 16 лица се убиени во напад што траеше 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска.

Габриел Вортман (51) пукал кон луѓе во неколку места во таа провинција. Властите се уште не утврдиле точен број на жртви и нивниот број може да се зголеми.

Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада. Во 1989 година во Монтреал беа убени 14 луѓе.

Напаѓачот носел делови од полициска униформа и, наводно, користел еден автомобил кој наликува на патролен. Тој не бил службеник за спроведување на законот, туку стоматолог.

Вортман загинал по потера низ целата провинција. Засега не се познати мотивите за нападот и нема прецизни информации околу смртта на напаѓачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.