Најмалку 167 деца се убиени во Украина при руската инвазија

Најмалку 167 деца се убиени во Украина, а 279 се ранети, при руската инвазија.

Околу 927 училишта и други образовни институции се оштетени во гранатирање и бомбардирање, наведуваат од канцеларијата на јавниот обвинител во Украина утрово на Телеграм.

Како што се информира, најголем број на деца – жртви, 81, се евидентирани во регионот Доњецк во источна Украина. Потоа следуваат поширокиот регион на Киев со 78 и во областа на Харков со 64 малолетни жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.