Најмалку 17 загинати во протестите во Колумбија

Најмалку 17 лица се убиени во текот на протестите коишто се одвиваа во Колумбија изминатите неколку дела, соопшти во понеделникот радиото Efe Eme, повикувајќи се на безбедносни извори.

Според овие податоци, кои сѐ уште не се официјално потврдени, меѓу загинатите е и еден колумбиски полицаец. Други 711 лица се повредени во судирите, од кои 457 припадници на силите за воспоставување на редот.

На демонстрациите, кои се започнаа на 28-ми април до неделата 2-ри мај, учествувале 238.000 се проценува во извештајот на редио-станицата.

Од минатата среда ширум Колумбија се одржуваат демонстрации против реформите на даночниот систем во земјата. Безредија се забележани во Богота, Кали, Меделин и други градови. Во петокот владата е согласи да внесе извесни промени во реформата, но протестите продолжија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.