Најмалку 18 авганистански војници загинаа во подметната експлозија

Најмалку 18 припадници на авганистанската војска загинале во екслозија на автомобил-бомба активиран од борците на радикалното исламистичко движење Талибам во јужната покраина Хелманд, пренесе телевизијата TOLO News цитирајќи безбедносни извори.

Според информациите експлозијата се случила во ноќта кон понеделникот во обчаста Нахра Сераџ. Во силната експлозија чија цел била контролен пункт на авганистанските сили според портпаролот на покраинскиот гувернер загинале најмалку пет војници а уште пет дргури биле ранети од околу 150 припадници на армијата и разузнавачката служба кои биле во објектот на пунктот.

Разузнавач кој го преживеал нападот за телевизијата рекол, пак, дека самиот тој помагал да бидат извлечени 18 тела од под остатоците на објектот.

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека возачот на автомобилот бил откриен во намерата да се забие во објектот и да го активира експлозивот, па морал да ја активира бомбат пред неговата цел на пинктот Јахчал.

Радикалното исламистичко движење и покрај започнатиот процес на примирје со владата во Кабул, која ја смета за марионетска на западните сили, ја презема одговорноста за нападот.

„Десетици припадници на непријателските сили се убиени и повредени во нападот… “, тврди во соопштението за медиумите Кари Јусуф Ахмеди, портпаролот на талибаните, за кој медиумите истакнуваат дека е „познат по неговите претерани изјави“.

Авганистанските владини сили последните два месеца претрпеа голем број човечки загуби во растечкиот број на талибаните.