Најмалку 18 жртви во судар на автобус со камион во Алжир

Најмалку 18 луѓе ги загубиле животите а уште шестмина други се тешко повредени во неделата во сообраќајна несреќа во Алжир, извести информативниот портал Afrigatenews.

Судирот во кој учествувале автобус и камион се случил во провинцијата Наама, југозападно од главниот град Алжир. Автобусот на редовната линија меѓу градовите Сиди Бел-Абес и Бусемгун во полна брзина се судрил со камионот.

Настраданите се пренесени во болници во тешка состојба, се додава во информацијата. Сочувство до семејствата на жртвите изрази претседателот Анделмаџид Тебун.

Засега не се познати точните причини за несреќата. Започната е истрага, соопштиле локалните власти.