Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени Рихтерови, кој го погоди источниот дел на Пакистан.
– Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени, соопшти Сардар Гулфарез, заменикот на главниот инспектор на пакистанскиот град Мирпура, кој е близу епицентарот на потресот.
Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот бил на 23 километри северно од градот Џелум, на релативно плитка длабочина од 10 километри.
Во загрозените подрачја испратени се војници со воздухопловни и медицински тимови за поддршка, како и ќебиња, шатори и кујнска опрема. Најголема штета е предизвикана меѓу градовите Џелема и Мирпура.
Премиерот Имран Кан изрази длабока загриженост поради оштетувањата од земјотресот и ги пренасочи сите ресурси за итна помош на настраданите, соопшти на Твитер пакистанската Влада.