Најмалку 20 лица ранети во силна експлозија на свадба во Кабул

Во силна експлозија на свадбена свеченост во авганистанската престолнина Кабул во саботата вечерта повредени се најмалку 20 луѓе, но бројот на настраданите и можни жртви може да се зголеми, пренесува телевизијата Tolo News повикувајќи се на градските и здравствените власти.

„За жал, во експлозијата се ренети многу цивили. Во 22,40 часот (20,10 по македонско време) се случи експлозија во свадбената сала ‘Шахр-е-Дубаи’ во западен Кабул“, изјавил за медиумите портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работио Насрат Рахими.

Според изјави на очевидци на свадбената свеченост на која имало околу 400 гости, претежно биле припадници на малцинската шиитска заедница во Авганистан.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за експлозијата.

Заедницата на Хазара шиитите е најсиромашната етничка група во земјата, и изнесува околу 22 отсто од населението на Авганистан. Нејзините припадници често се цел на масовни киднапирања на убиства, што во минатото предизвикаа неколку големи шиитски протести во Кабул и во други градови. Кон средината на август минатата 2018 година 50 шиитски муслимани беа убиени во бомбашки напад пред образовен центар во Кабул, а само две седмици подоцна во шиитскиот кварт Дашти Барчи беа убиени уште 20 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.