Најмалку 20 Палестинци убиени во израелски напад во Рафах

Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа во четвртокот објави дека двесет лица загинале, а околу 55 се ранети во израелски воздушен напад врз Рафах, на југот од палестинската енклава.

Рафа е едно од главните места на јужната граница на Појасот Газа со Египет. Според жителите и локалните болничари, во погодената зграда имало раселени лица.

Здравствените власти во енклавата во која на власт е радикалното движење Хамас претходно објавија дека во последните 24 часа во израелските бомбардирања загинале 210 лица, а вкупниот број на загинати Палестинци се искачи на 21.320 луѓе, од кои речиси третина се деца. Хамас не го објавува бројот на своите загинати борци.

Денеска израелските тенкови напредуваа подлабоко во централниот дел на Појасот Газа по неколкудневното бомбардирање, а десетици илјад веќе неколкупати претходно раселени палестински семејства повторно беа принудени да избегаат.

Борбите сега се фокусирани во централните области јужно од мочуриштата што ја пресекуваат енклавата. Израелските сили им наредија на цивилите во областа да заминат додека нивните тенкови напредуваат.

Градот Кан Јунис, откако на 1 декември пропадна примирјето за кое посредуваат Египет и Израел во замена за ослободување на преостанатите израелски заложници и размена за палестински затвореници во Израел, беше нападнат од израелските борбени авиони и тенкови, во област недалеку од болницата „Ал Амал“, западно од израелските позиции иако претходно војската во тој правец ги насочуваше палестинските цивили.

Болницата „Насер„ е главниот медицински центар во Кан Јунис кој сè уште функционира во Појасот Газа и ги прима ранетите и мртвите.

Израел вината за огромниот број цивилни жртви ја префрла на Хамас дека ги користи цивилите како жив штит што движењето го отфрла, иако изралеската војска ги спроведува своите дејсвтија во густо населените области, што наиде на критики во светот поради несразмерна употреба на огнена моќ и големиот број цивилни жртви.

Во денешното соопштение, израелската војска изрази жалење за загинатите цивили во нападот на бегалскиот камп Магази на 24 декември кога, како што тврди, погодила две цели управувани од милитантите на Хамас. Палестинските власти тврдат дека во тој напад загинале 70 цивили.

Денеска израелските одбранбени сили (IDF) пријавија уште тројца загинати војници во компената офанзива покрената во Појасот Газа на 27-ми октомври по дваесетте дена непрестајно бомбардирање на тесната пренаселена енклава како одмазда за ненадејниот смртоносен и брутален напад од 7 откомври во јужен Израел. Досега 169 израелски војници загинаа во копнена офанзива во Појасот Газа, а уште 318 други војници и припадници на другите одрбанбени формации ги загубија животите во нападот на 7 октомври.