14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Најмалку 20 загинати во судар на воз со автобус во Тајланд

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 30 се повредени утрово во судир меѓу автобус и воз источно од Бангкок, пренесува Гардијан.

Несреќата се случила недалеку од железничката станица Хлонг Кваенг Клан во провинцијата Чачоенгсао, 63 километри источно од Бангкок, изјави гувернерот на покраината Маитри Тритиланон.

Тајландската полиција соопшти дека патниците во автобусот биле на пат кон будистички храм во Чачоенгсао за да го одбележат крајот на периодот на сезоната на монсуните во Азија.

Автобусот со шеесетина фабрички работници минувал низ пругите кога товарен воз удрил во него.

Сликите од местото на несреќата покажуваат превртен и тешко оштетен автобус, а на спасувачите им требало кран за да го подигнат.

Несреќата се случила кога автобусот минувал преку шините. Причината за несреќата сè уште не е позната, но можно е возачот на автобусот поради дождот да не видел како доаѓа возот.

Сообраќајните несреќи се чести во Тајланд поради лошите безбедносни стандарди и патиштата. Според извештајот на Светската здравствена организација за 2018 година, Тајланд има втора највисока смртност предизвикана од сообраќајни несреќи во светот.