Најмалку 24 мртви во екслозија на предизборен митинг во Авганистан

Најмалку 24 луѓе загинаел а уште 31 лице е повредено во екслозија која во вторникот одекнала во авганистанската провинција Парван, неделеку од местото на кое се оддржувал предизборен митинг на претседателот Ашраф Гани, пренесува телевизијата 1TV, повикувајќи се на медицински извори.

Претходно телевизијата објави за две експлозии кои одекнале во областа каде што се собрале неколку илјади луѓе за митингот во рамките на претседателската кампања. Засега авганистанските безбедносни служби потврдуваат дека една од експлозиите била предизвикана од импровизирана експлозивна направа поставена под возило на безбедносните агенции. Досега ниедна од екстремистичките групи не ја презема одговорноста за нападот.

„Меѓу жртвите се жени и деца и се чини оти најголем дел од жртвите се цивили. Итната помош е на терен и бројот на загинатите може да се зголеми“, изјавил директорот на главната провинциска болница Абдул Касим Сангин.

Експлозијата одекнала кусо пред претседателот Гани да го започне своето обраќање. Претседателот не бил повреден, а неговиот предизборен штаб решил да го продолжи митингот.

Според портпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахми, напаѓачот активирал експлозив во главниот град на покраината Лирикара на влезот во просторот кој го користела предизборната кампања на Гани.

Претседателските избори во Авганистан треба да се одржат на 28-ми септември, откако беа неколкупати одложувани по првичниот датум на 20-ти јули. Гани беше избран за претседател во 2014 година, и годинава му истекува петгодишниот мандат, со можност за избор за втор мандат.

Талибанските водачи ветија дека ќе ги засилат нападит врз авганистанските и меѓународниоте сили за да ги обесхрабрат Авганистанците да гласаат на изборите. Поради тоа, предизборните собири ширум земјата се одвиваат со големи мерки на безбедност.

Мировните преговори меѓу САД и талибаните пропаднаа минатата седмица. Двете страни се обидуваа да дојдат до договор за повлекување на американските сили од Авганистан во замена за безбедносни гаранции од страна на милитантите. Овие преговори, во кои не беше вклучена владата во Кабул, требаа да бида вовед во преговори за сеопфатен мировен договор со кој би се ставило крај на 40-годишното војување во земјата.