Најмалку 25 настрадани во експлозија во Германија

Најмалку 25 лица се повредени во експлозија во петокот во источниот германски град Бланкенбург, во сојузната земја Саксонија Анхалт, соопшти полицијата додавајќи дека причината за експлозиајта сѐ уште не е позната.

„Не може да се исклучи можноста дека бројот на настраданите ќе се зголеми“, соопшти локалната полицијата.

Формиран е оперативен штаб во која се претставници на повеќе агенции за утврдување на причините за експлозијата. Истовремено се изведува евакуација на луѓе од зградата, се додава во полициското соопштение.

Несреќата се случила околи 9 часаот. Во близина на зградата има училиште и детска градинка, од кои итно се евакуирани околу 100 деца. На местото на настанот во моментов работата 160 припадници на спасувачката служба.

Според фотографиите објавени на акаунтот на локалната полиција на Twitter, станува збор за зграда од комунистичкиот период, а чадот се издигнува од вториот кат.

Бланкебург е помал град во планинската област Харц, со околу 20 илјади жители.