Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеа

Во судар на камион и минибус во близина на гратчето Сугует во Гвиена загинале најмалку 25 лица, а најмалку седум се повредени, извести висок претставник на власта во оваа западноафриканска земја.

Според извештаите, минибусот при престигнување влегол во спротивната коловозна лента и директно се судрил со камионот. Преживеал возачот на минибусот, и тој е тешко повреден. Несреќата се случила во место оддалечено 180 километри од главниот град Конакри.

Според локалните медиуми, жртвите се главно студентки и студенти, кои патувале од главниот град Конакри кон местото Фарана на југозападот на земјата.

Полицискиот началник Фаули Сауми изјавил дека труповите биле „одвај препознатливи“.

Смртоносните сообраќајни несреќи се чести во Гвинеа, а најчесто се предизвикани од лошо одржуваната патна инфраструктура и поради неисправните возила, како и поради несовесно возење. Опасност претставуваат и преголемите брзини и преоптовареноста на возилата за транспорт на луѓе.

В септември во слична несреќа на минибус загинаа 15 луѓе. Според податоците на Светската здравствена несреќа (СЗО – WHO), бројот на загинатите во патниот сообраќај на 100.000 луѓе во Гвинеа е седум пати поголем, на пример, отколку во Германија.