Најмалку 26 лица загинаа во судар на патнички и товарен брод во Бангладеш

Најмалку 26 лица загинаа кога патнички брод се судри со шлепер полн со песок рано утрово и потона во реката Падма, соопшти локалната полиција.

Пет лица биле спасени од водата на надојдената река Падма и биле пренесени во болницата.

„Спасувачките екипи пронајдоа 26 тела, но потрагата по исчезнатите се уште трае“, изјави припадникот на полицијата Мирај Хосаин, објави Ројтерс.