Најмалку 26 мртви во падот на авионот врз населба во Конго

REUTERS/Fiston Mahamba

Најмалку 26 луѓе загинале во падот на малиот патнички авион на воздухопловната компанија „Busy Bee“ во сиромашна населба во градот Гома на истокот од Демократска Република Конго.

Во падот на авионот од типот „Dornier 228“ врз куќа загинале 19 лицата, 17 патници и двајца членови на екипажот, откако се урнал две минути по полетувањето врз куќа во близина на аеродромот во Гома загинале и седум лица на земјата, се наведува во соопштението на заменикот министер за сообраќај, Жак Јума Кипуја. Се смета дека станува збор за членови на едно семејство.

Локалните медиуми во неделата вечерта наведуваат дека бројот на жртвите е поголем, меѓу 27 и 29, покрај 16 повредени кои се примени во болниците. Меѓу жртвите е и координаторката на здружението за женски права Мамбо Завади, соопштија невладините организации.

Авионот се урнал врз квартот Бирере/Мапендо по 9 часот по локално врмее во близина на аеродромот недалеку од границата со Руанда. Авионот требало да лета преку Битемна во Бени, 350 километри северно од Гома. Пилотот „не успеал да полета“, рекол гувернерот на поркаината Северен Киву, Карли Нзанзу Каисивита во соопштение.

„Засега можеме да кажеме дека станува збор за технички проблем“, рекол експерт на компанијата на местото на несреќата. Додал дека авионот неодамна имал проблеми со моторот, пренесува порталот Actualite.

Компанијата „Busy Bee“ одржува постојани линии и чартер летови, а исто така изведува и медицински евакуации од источните области на Демократска Република Конго. Бени и Бутембо од периодот август-септември 2018 година се епицентар на епидемијата на ебола која покоси речиси 2.200 луѓе.